Apple TV+ ја продолжува својата амбициозна научно-фантастична серија Foundation за четврта сезона, што е значителен успех во светот на стриминг платформите каде што ваквите проекти често се прекинуваат предвреме.
Foundation, базирана на иконските романи на Исак Асимов, е планирана како осумсезонска сага, и покрај тоа што досега се емитувани три сезони, Apple TV+ покажува дека не планира да ја напушти серијата. Оваа долгорочна визија е реткост во модерната телевизија, особено во жанрот што бара трпение и инвестиција од гледачите.
Со буџет од околу 10 милиони долари по епизода, Foundation е серија која од самиот почеток не беше дизајнирана да биде безбеден облог. Ако оваа серија беше објавена на Netflix, веројатно ќе беше прекината поради високите трошоци и специфичната публика. Netflix е познат по тоа што ги приоретизира сериите кои веднаш привлекуваат широка публика, што не е случај со Foundation.
Apple TV+ ја користи својата финансиска стабилност за да поддржи долгорочни проекти како Foundation. За разлика од Netflix, кој зависи од стримингот за профит, Apple може да си дозволи да инвестира во квалитетни содржини без да бара непосредни финансиски повратки. Оваа стратегија им овозможува на сериите како Foundation да се развиваат и да ја пронајдат својата публика со текот на времето.
Foundation не само што ја покажува различноста на бизнис моделот на Apple TV+, туку и ја зацврстува репутацијата на платформата како дом на амбициозно и висококвалитетно раскажување приказни. Ова е важен сигнал за креаторите и гледачите дека постои место каде што нивните приказни можат да се развиваат без притисок за брзи резултати.