Во Скопје денеска од 10 часот ќе се спроведе посебен режим на сообраќај поради атлетска трка на 10 километри.

Министерството за внатрешни работи информира дека трката ќе започне од Средно Водно и ќе се движи по регионалниот пат Р2138 до паркингот на манастирот Св. Пантелејмон, а потоа ќе се врати назад.

„Денес со почеток во 10:00 часот, во Скопје, ќе се одржи атлетска трка на 10 км со траса на движење од Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот на манастирот Св.Пантелејмон и обратно,“ — соопшти МВР.

Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.