Првата сабота од април донесе уште едно живо издание на традиционалното саботно „корзо“ на Широк Сокак во Битола, каде што граѓаните уживаа во пријатната атмосфера и убавото време.

Како и секоја сабота, Широк Сокак беше исполнет со насмевки и средби, претворајќи го во центар на градските случувања. Оваа традиција, која е препознатлив белег на Битола, привлекува граѓани од сите возрасти кои излегуваат да се видат со пријатели и да создаваат нови спомени.

Нашата екипа беше присутна за да ги долови најновите моменти и атмосферата која ја негува духот на градот. Битолчани уште еднаш потврдија дека Широк Сокак останува срцето на градските случувања, каде што „корзото“ не е само прошетка, туку начин на живот.

Се гледаме и наредната сабота на Широк Сокак за уште едно издание на битолското „корзо“.