Полицијата во Куманово приведе четворица млади лица по инцидентот кој се случил за време на фудбалски натпревар. Според информациите од СВР Куманово, нападот се случил на стадионот во селото Доброшане, каде што се одржуваше натпревар помеѓу фудбалските клубови „Башкими“ и „Куманово".

Во текот на натпреварот, четирите лица, идентификувани како Л.Б. (23), М.Р. (22), А.С. (19) и К.К. (23), се сомничат дека со тврд предмет го нападнале Ф.Б., кој е вработен во фудбалскиот клуб „Башкими". Полицијата ги лишила од слобода веднаш по инцидентот.

По целосното документирање на случајот, од надлежните органи ќе бидат поднесени соодветни пријави против осомничените лица.