Скопје, 20 март 2026, (МИА) - Основниот кривичен суд Скопје му одреди 30-дневен притвор на директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, кој беше уапсен под сомнение за примање мито.
Судијата на претходна постапка ја прифати предлогот на Јавното обвинителство за определување на мерка притвор поради три основи: опасност од бегство, влијание врз сведоци и можност за повторување на делото, потврдија од Кривичниот суд.
Анакиев беше фатен со обележани пари, откако од бараните 100 илјади евра од увозник, преку шпедитер – посредник, земал половина од сумата за да овозможи влез на стока. Како што изјавија од Обвинителството, тој вршел притисок врз службеници стоката да не биде пропуштена и да остане на граница.
Мерката притвор е определена на предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, кое денеска отвори истражна постапка против државниот службеник.