На конференцијата Be#Next 3 во Скопје ќе присуствува Драган Војводиќ, најпознатиот и најбаран тренер за продажба на Балканот. Тој е официјален претставник на Sandler Training од Балтимор, САД, и првиот сертифициран Sandler тренер во регионот.
Со повеќе од 20 години искуство во продажба, развој на луѓе и лидерство, Драган Војводиќ ја гради својата кариера во компании како Porsche, Volvo и Raiffeisen Bank. Меѓутоа, многу брзо се одлучува да го напушти корпоративниот свет и да се фокусира на она што го прави најдобро – обука на продажни професионалци кои размислуваат, одлучуваат и комуницираат како еднакви.
Тој е автор на две бестселер книги – „Хранити его или породицу“ и „Зашто златни орао лови вука“, книги кои не само што мотивираат, туку и поттикнуваат лични и бизнис одлуки.
Во 2012 година, по покана на српското кралско семејство Караѓорѓевиќ, Драган Војводиќ одржува предавање во Белиот двор, заедно со светски познатиот мотивациски говорник Ник Вујичиќ.
Покрај своето бизнис искуство, Драган има и длабока психолошка основа, изучувајќи Логотерапија, третата Виенска школа по психијатрија, под менторство на проф. др. Криже Катиниќ од Загреб. Неговиот пристап комбинира психологија на човечкото однесување со структурирани и мерливи продажни системи.
Методологијата Sandler, која Драган ја презентира, е присутна во повеќе од 300 центри во над 30 земји ширум светот и важи за една од најпознатите и најпочитуваните продажни методологии глобално. Sandler не се базира на притисок или манипулација, туку на рамноправен однос, јасна комуникација и почит меѓу продавачот и купувачот.
Драган Војводиќ ќе биде дел од Be#Next 3 конференцијата, која е иницирана од подкаст водителот и претприемач Георги Докузов. Неодамна, Драган беше и гостин во Next Gen Podcast, каде отворено зборуваше за продажба, одлуки и одговорност во бизнисот.
Be#Next 3 е настан наменет за претприемачи, продажни професионалци, лидери и сите оние кои сакаат долгорочна промена во начинот на размислување и работење.



