Четврти акатист во црквата Св. Никола во с. Враништа

Четвртиот акатист во црквата Св. Никола во село Враништа го открива длабокото духовно значење на присуството на Богородица во животот на секоја душа. Отец Ристе Наумоски во своето обраќање истакна дека Богородица е секогаш покрај нас, без разлика дали страдаме, се бориме, паѓаме или повторно се подигаме. Таа не го оцрнува страдањето, туку го преобразува и не ни ветува живот без крст, туку ни покажува како преку крстот да стигнеме до воскресение.

Вечерва, во чест на Пресветата Богородица, беа принесени бројни петтолебија, што сведочи за големата почит која верниците ја имаат кон неа. Овој чин е потврда за духовната сила и врската која верниците ја чувствуваат со Богородица, како и за нивната посветеност и вера.