Техеран, 21 март 2026 (МИА) - Командантот на воздухопловните сили на Иранската револуционерна гарда објави дека Иран ќе изврши ракетни напади врз Израел во текот на ноќта.
„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, изјави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс.
Мусави исто така истакна дека новите тактики и системи за лансирање ќе предизвикаат шок кај САД и Израел.