Италија одби да им даде дозвола на американските воени авиони да слетаат во базата Сигонела на Сицилија, потврди извор запознаен со ситуацијата. Оваа одлука доаѓа во време кога американските бомбардери требале да слетаат на источниот дел од Сицилија на пат кон Блискиот исток.

Според весникот Corriere della Sera, одбивањето на дозволата се должи на тоа што САД не побарале официјално одобрение и не се консултирале со италијанското воено раководство, што е обврска според договорите за користење на американските воени бази во Италија.

Изворот, кој сакал да остане анонимен, не открил колку авиони се работи ниту точниот момент на одбивањето. Италијанското Министерство за одбрана засега не дало коментар.

Опоозициските партии од левиот центар ги повикаа властите да блокираат користење на американските бази за да се избегне вмешување на Италија во конфликт. Владата на премиерката Џорџија Мелони порано најави дека ќе бара одобрение од парламентот доколку стигнат такви барања.

Истовремено, Шпанија вчера го затвори својот воздушен простор за американски авиони кои учествуваат во напади на Иран, што дополнително ја комплицира ситуацијата во регионот.