Израелскиот министер за финансии, Безалел Смотрич, денеска изјави дека Израел треба да ја помести својата граница со Либан на север, до реката Литани.

Израелската војска во тој дел на Либан бомбардира мостови и уништува домови, наведувајќи дека тоа е дел од борбата против организацијата Хезболах.

Израелските власти им наредија на жителите на Либан кои живеат јужно од реката Литани да ја напуштат таа територија.

Според либанските власти, во израелските напади загинале повеќе од 1.000 луѓе, а околу милион биле принудени да ги напуштат своите домови.

Смотрич оцени дека воената акција во Либан „треба да биде завршена со сосема различна реалност“, односно со победа над Хезболах и „промена на границите на Израел“.

„Новата граница на Израел мора да биде на реката Литани“, изјави Смотрич, пренесува Ројтерс.