На државниот натпревар по германски јазик, кој се одржа на 14 март 2026 година во СУГС „Георги Димитров“ во Скопје, нашата ученичка Нина Кузманоска од I-6 клас постигна извонреден успех, освојувајќи ја првата награда со импресивни 38 од можни 40 поени. Ученичката Антониа Павловска од втора година, исто така, имаше успешно учество под менторство на професорката Радмила Толеска Таламаноска.

Овој значаен резултат е потврда за нивната посветеност, труд и љубов кон германскиот јазик, како и доказ за квалитетната настава и поддршката што ја добиваат во нашата гимназија. Во силна конкуренција од ученици од целата држава, тие се истакнаа со своето знаење, јазична прецизност и сигурност во изразувањето.

Горди сме на нивниот успех, кој претставува инспирација за сите ученици и поттик за понатамошни достигнувања. Честитки за ученичките и нивниот ментор, со желби за уште многу успеси во иднина!

  • истакнуваат од охридската гимназија.