Во црквата Св. Никола во Долна Влашка Маала е изработено ново постоље за Распетие Христово, кое претставува значајно дополнување во уредувањето на светилиштето.
Постољето е донација од Здружението на верници „Богојавление“ од истата маала. Членовите на здружението со овој чин ја покажаа својата посветеност и поддршка кон црковниот живот и духовните вредности.
Од црквата изразија длабока благодарност до дарителите за нивниот значаен придонес, посакувајќи Божјиот благослов да биде со нив и нивните семејства, како и нивните добри дела да се умножуваат.