Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови на некои места ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринските температури ќе се движат од -3 до 4 степени Целзиусови, додека максималните ќе достигнат од 10 до 17 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура се очекува да падне до 0 степени, а максималната да достигне до 15 степени.
На почетокот на новата седмица се очекуваат повремени локални врнежи од дожд. Кон средината на неделата времето ќе биде стабилно и потопло, со пораст на дневната температура. Во четврток ќе дува засилен ветер од јужен правец. Во текот на ноќта кон петок и во петок, под влијание на влажен бран, на повеќе места се очекуваат врнежи од дожд.