Русија разгледува можности за поддршка на Куба во услови на блокада, што го потврди портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Во постојан контакт сме со кубанското раководство и разговараме како да помогнеме во оваа тешка ситуација,“ изјави Песков.
Руски танкер на пат кон Куба
Во меѓувреме, рускиот танкер „Анатолиј Колодкин“, кој превезува околу 730.000 барели сурова нафта, се движи кон Куба. Според информациите од „Гардијан“, се очекува бродот да пристигне на нафтениот терминал Матансас околу 23 март.
Танкерот е во сопственост на руската државна компанија Sovcomflot и плови под руско знаме, што е уште еден показател за тесната соработка меѓу двете земји во услови на меѓународни санкции.