На 20 март 2026 година, во 09:49 часот, во СВР Скопје беше пријавено дека во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје е донесен З.А. (60) од Неготино, кој работи во „Македонски Железници“, со изгореници.

Според информациите, З.А. ги добил повредите од струен удар додека извршувал работни задачи во Скопје.

Полициски службеници од СВР Скопје извршиле увид на местото на настанот, а за инцидентот е известен и трудов инспектор.