Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГК) објави дека од утре ќе започне со напади врз американските технолошки компании, како одмазда за нападите врз Иран.
Меѓу целите на ИРГК се 18 американски компании, вклучувајќи ги „Мајкрософт“, „Гугл“, „Епл“, „Интел“, „ИБМ“, „Тесла“, „Боинг“, „Оракл“ и „Мета“.
„Овие компании треба да очекуваат уништување на нивните единици во замена за каков било терористички чин во Иран, почнувајќи од 20:00 часот по техеранско време во среда, 1 април“, се вели во соопштението на ИРГК, кое го пренесе Тасним.
ИРГК ги советува вработените во овие институции веднаш да ги напуштат своите работни места за да ги заштитат своите животи. Жителите околу овие компании, исто така, се советуваат да ги напуштат своите простории во радиус од еден километар и да се преместат на безбедно место.
Советник на командантот на ИРГК: САД не ги постигнаа своите цели
Советникот на командантот на Корпусот на Исламската револуционерна гарда, Али Фадави, изјави дека Соединетите Американски Држави не ги постигнале своите цели во војната против Иран. Тој предупреди дека кршењата на меѓународното право ги продлабочуваат глобалните кризи, особено во стратешки важниот Ормутски теснец.
„Додека Американците мислеа дека можат да го уништат Иран, сега се обидуваат да постигнат многу основни цели“, рече Фадави, истакнувајќи го големиот јаз меѓу очекувањата на САД и реалните резултати.
Фадави нагласи дека неодамнешните настани во глобалниот енергетски сектор, заедно со затворањето на стратешки виталниот Ормузски теснец и зголемената воена активност, дополнително ја зголемија геополитичката важност на Персискиот Залив.
Иранската војска објави дека нејзините единици за воздушна одбрана собориле дрон MQ-9 во близина на Исфахан, во централниот дел на Иран, тврдејќи дека му припаѓал на „агресивниот непријател“ на САД и Израел. Според соопштението, дронот бил пресретнат и уништен, што го прави 146-то беспилотно летало соборено од Иран, пренесува Тасним.
Дронот MQ-9 Reaper, кој се користи за надзор и напади, чини приближно 30 милиони долари.