Јавниот превоз во Скопје за време на продолжениот викенд по повод Рамазан Бајрам ќе функционира според неделен возен ред, соопштуваат надлежните институции.

Работно време на билетарниците

Во петок (20.03.2026 год.) и недела (22.03.2026 год.), дежурна ќе биде билетарницата во Транспортниот центар.

Во сабота (21.03.2026 год.), билетарниците и центрите за персонализација ќе работат според вообичаеното работно време, односно во две смени од 08:00 до 18:00 часот, како и оние што работат во една смена од 08:00 до 18:00 часот.

Работно време на жичницата

Жичницата ќе биде во функција за време на продолжениот викенд и ќе работи вообичаено од 10:00 до 17:00 часот, информираат од ЈСП.