Став на Партијата на пензионери за цените на лековите и кризата со енергенси
Партијата на пензионери ја изразува својата поддршка за одлуката на Владата за намалување на цените на 300 лекови кои ќе бидат достапни за граѓаните од 1 мај. Оваа одлука е од големо значење, особено за пензионерите кои се најчесто корисници на овие медикаменти.
"Партијата на пензионери во повеќе наврати, преку својот претставник во Собранието, пратеникот Илија Николовски, кој е претседател на партијата, бараше и нудеше конкретни решенија за овој проблем. Огромен број пациенти, од кои повеќето се пензионери, се соочуваат со овој предизвик," се вели во соопштението од партијата.
Партијата бара Министерството за здравство целосно да го спроведе годишното усогласување на максималните цени за 2026 година. На листата треба да се најдат повеќе лекови со намалени цени, со цел Македонија да се приближи до нивото на земјите од регионот и да избегне да биде земја со највисоки цени на медикаментите.
Исто така, партијата ја охрабрува и поддржува Владата да преземе навремени и сеопфатни мерки за подобро справување со моменталната светска, но и домашна криза со енергенсите.
Бараме да се спречат злоупотреби кои би се пренеле во економијата и би го отежнале секојдневниот живот на граѓаните.
Партијата на пензионери поттикнува отворена и добронамерна комуникација меѓу сите политички фактори во Македонија за полесно справување со светските предизвици.
Тешките времиња треба да го извадат најдоброто од нацијата и земјата, независно од политичкиот дискурс.
Партијата на пензионери стои на располагање со целиот свој капацитет за експертиза и знаење, со цел да придонесе во интерес на сите граѓани.
Чесно, Сплотено, Одлучно!
Партија на пензионери