Професорот од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Ванчо Узунов, изрази загриженост дека актуелниот воен конфликт нема да заврши брзо и дека ќе има значајни негативни последици врз македонската економија до крајот на годината.

Узунов нагласи дека овој конфликт ќе има влијание не само врз земјите кои се директно вклучени, туку и врз оние кои не се дел од него.

„Сите војни досега ги платиле граѓаните, и меѓу граѓаните најмногу сиромашните. Историјата цела е таква. Во денешниот глобален контекст, не е важно дали си учесник во војната, прелевањето на негативните ефекти ќе се случи, и ние ќе ја платиме, и сиромашните ќе платат повеќе од богатите. Тоа е мое мислење за оваа криза. Кризата ќе потрае, нема туку така таа војна да се заврши. Минимум до оваа година ќе продолжат негативните ефекти. Се плашам дека доаѓаат тешки времиња“, рече Узунов.

Според него, економските последици од војната ќе бидат особено тешки за најранливите категории на населението, кои ќе се соочат со поголем товар во споредба со побогатите слоеви на општеството. Узунов смета дека историски гледано, војните секогаш ги плаќаат граѓаните, а најмногу страдаат сиромашните.

Тој предвидува дека негативните ефекти од кризата ќе се чувствуваат барем до крајот на годината, и дека е неопходно да се подготвиме за можни економски предизвици во блиска иднина.